
Тим
Зафиров останува во ТФТ
По странските засилувања, а во очекување на уште неколку домашни, клубот го продолжи договорот со Георги Зафиров кој ќе остане во ТФТ уште една сезона. Таа ќе биде негова вкупно петта во „црно-белиот“ дрес, а останува во Тафталиџе и покрај неколкуте понуди, меѓу кои и од странство.
Со своето искуство во домашната лига и докажаниот квалитет, Зафиров се очекува да биде важна алка во ростерот на ТФТ. И покрај понудите од други екипи, вклучувајќи и заинтересираност од други земји, Зафиров реши да остане дома.
Му посакуваме успешна сезона на специјалистот за три поени.