Летен Кошаркарски Камп на ТФТ во соработка со MTP Sports Club

Кошаркарскиот клуб ТФТ во соработка со MTP Sports Club организира летен кошаркарски камп за деца на возраст од 10-16 години и почетници. Кампот ќе се одржува на кошаркарските терени на МТП Спортски Клуб ( СУГС Георги Димитров) од 26ти Август до 1ви септември. Термините за тренинзи ќе бидат од 17:00-19:00 часот секој ден , односно времетраењето на кампот ќе биде 7 дена. Целта на кампот е пред се дружење, усовршување на нови вештини , разни натпревари и игри измеѓу себе. Најавени се доста гости , меѓу кои и сениорската екипа на ТФТ која во меѓувrеме ги обработува своите припреми за престојната сезона и ќе се спрема за првиот официјален натпревар од пријателски карактер со грчки PAOK, како и други гости кои ќе бидат изненадување. Цената на кампот е 2000 денари во која се вклучени и подароци за сите членови на кампот. Децата ќе работат под будно око на нашите тренери, кои долги години се задолжени за работа со деца на таа возраст, а тоа се : Марко Трајковски, Никола Георгиевски , Марко Рендевски и Марјан Угриновски, како и кондициониот тренер на сениорската екипа на ТФТ и репрезентацијата на Македонија до 20 години – Матеј Јовановски кој ќе биде задолжен за физичката припрема на децата, а присутен ќе биде и тренерот на сениорската екипа на ТФТ и актуелен селектор на Македонија до 20 години- Боро Смилковски.

Запиши се и стани дел од ТАФТА фамилијата.

Повеќе инфо на броевите:

078 230 034 Марко Трајковски

071 357 375 Горјан Марковски