Мехи Лонг за уште посилен ТФТ

Последниот странски кошаркар во редовите на поранешниот освојувач на Купот на Македонија е американскиот крилен играч Мехи Лонг кој е нов играч на ТФТ. Станува збор за крилен играч, висок 201 сантиметар кој минатата сезона ја поминал на Универзитетот Вирџинија Тек, а претходно играл на Олд Доминион каде постигнувал по 11 поени и 8,7 скока по натпревар. По ова, ТФТ се врти кон домашниот пазар и во следниот период ќе се обиде да донесе неколку македонски кошаркари. Сето тоа би требало да биде готово до 14 август кога почнуваат подготовките за новата сезона.