ТФТ го договори второто засилување

Американскиот бек Џејлен Гафни е второ засилување за ТФТ во пресрет на новата натпреварувачка кампања. Станува збор за 24-годишен кошаркар кој во Македонија доаѓа од Универзитетот Флорида Атлантик, истиот од каде што во ТФТ се пресели првото засилување ова лето Би Џеј Гринли. Првите три сезони на колеџ, Гафни ги поминал на исклучително силниот универзитет Конектикат, а потоа се преселил на Флорида Атлантик каде играл последните две години. Лани просечно постигнувал по 5,4 поени, 3,1 скока и 2,2 асистенции на по натпревар. Лани, како и Гринли, со Флорида Атлантик учествуваше на Ф4 од НЦАА лигата. ТФТ летово остана без Виктор Ташовски кој се пресели во Пелистер, но ја задржа основата на тимот. До почетокот на сезоната клубот планира да се засили со уште неколку домашни и странски играчи и повторно да биде конкурентен за висок пласман.