Би Џеј Гринли нов играч на ТФТ
ТФТ се засили со плејмејкер кој лани играше во полуфиналето од НЦАА. По процесот на реорганизацијапочна да го склопува тимот за новата сезона во која амбициите остануваат исти – пласман во горниот дел од табелата и борба за трофеите. Клубот веќе го договори првото засилување, а како и претходните години, станува збор за странски кошаркар. Нов член на ТФТ е американскиот интернационалец Би Џеј Гринли кој ќе ги покрие позициите 1 и 2. Во Македонија доаѓа од Флорида Атлантик универзитетот со кого во 2023 година оствари сензационален пласман на завршниот турнир. Во полуфиналето Флорида Атлантик доживеа минимален пораз (71-72) од Сан Диего и испушти можност првпат во историјата да игра во мечот за титулата. За четирите сезони во тимот на Оулс, Гринли имаше ефкт од 8,5 поени, 2,5 скока и 3 асистенции со шут за тројка од 40%. Преминот во ТФТ ќе биде негово прво искуство надвор од границите на САД.