
Тим
Матеј Јовановски останува во ТФТ
Прва одлука на новиот раководен тандем е изборот на кондициски тренер, функција која и во иднина ќе ја извршува Матеј Јовановски кој го продолжи договорот со клубот. Станува збор за еден од најперспективните млади кондициони тренери во државава, кој иако имаше понуди од неколку други екипи реши да остане верен на црно-белите од Тафталиџе. Покрај тоа што ќе биде кондиционен тренер на екипата на КК ТФТ , ќе биде дел и од младата Македонска репрезентација U20 на престојното европско во Полска. Со овој потег екипата на ТФТ покажува дека и те како мисли на иднината и на правилното развивање на играчите . Со одлука на Управниот одбор , Јовановски ќе работи и со младинските генерации на клубот.