Утврден календарот за пријателските натпревари
Екипата на ТФТ го завршува одморот и започнува со подготовки во понеделник (19.08) во 15:00 часот во СРЦ Кале. Раководството и стручниот штаб на ТФТ се погрижија за силни тестови пред стартот на првенството.
Планот на екипата е првите десетина дена екипата да работи на својата физичка припрема на играчите, а веќе првиот пријателски натпревар е закажан за 28ми август во Солун, со екипата на ПАОК, а веќе утредента со екипата на Ираклис истотака во Солун.
Една недела подоцна екипата на ТФТ се јавува како организатор на меморијалниот турнир “Андреј Грковски”, на кој учество ќе земат екипите на Работнички и Ираклис.
На 10ти и 11ти септември екипата на ТФТ патува за Бугарија, односно за Самоков и Ботевград каде ги очекуваат силни контроли со екипите на Рилски Спортист и Балкан, додека на 16ти септември во Скопје ќе ги одмери силите со екипата на Чаир.
Последни два теста пред стартот на новата сезона се против екипата на Кожув на 21ви септември, односно 28ми септември во Гевгелија.
Целосен распоред на пријателски натпревари:
28.08 ПАОК – ТФТ
29.08 ИРАКЛИС – ТФТ
05.09 ТФТ – ИРАКЛИС
07.09 ТФТ – РАБОТНИЧКИ
10.09 РИЛСКИ СПОРТИСТ – ТФТ
11.09 БАЛКАН – ТФТ
16.09 ТФТ – ЧАИР
21.09 ТФТ – КОЖУВ
28.09 КОЖУВ – ТФТ