
Половичен ефект на мини турнујета во Солун
Екипата на ТФТ се врати во Скопје по дводневната посета во грчката престолнина Солун, со половичен ефект од еден пораз и една победа. На првиот официјален контролен натпревар против екипата на ПАОК, која воедно оваа година ќе биде преставник и во Fiba Champions League, екипата на ТФТ и покрај добро пружениот отпор во првото полувреме со резултат 52:42, сепак на крајот натпреварот заврши со резултат 109:70 во корист на домаќините. На овој натпревар најефикасни во тимот на ТФТ беа Говенс со 21 поен, Зафиров 15 поени, Гринли 13 и младинскиот репрезентативец и новајлија Тома Стојановски со 10 поени.
На вториот натпревар против екипата на Ираклис која е главен претендент за влез во првата грчка лига оваа година, екипата на ТФТ славеше со резултат 79-74. Треба да се напомене дека на овој натревар поштеда доби Дарин Говенс кој беше прв стрелец на претходниот напревар со екипата на ПАОК, но тоа не беше пречка за нашите кошаркари да издвојуваат победа на овој меч. Во негово отсуство најефикасни беа Гринли 20, Николов 15 и Гафни 13 поени.
По дводневното патување во Солун следува ден одмор за целата екипа, а потоа следуваат припремите за “Mеморијалниот турнир Андреј Грковски” во организација на ТФТ кој ќе биде на програмата веќе следниот викенд, а гости ќе бидат екипите на МЗТ Скопје , Работнички и екипата на Кожув.