
УБЕДЛИВА ПОБЕДА НАД ЕКИПАТА НА ПЕЛИСТЕР И ИСТОРИСКО ВТОРО МЕСТО ЗА ЕКИПАТА НА ТФТ ПРЕД ПОЧЕТОК НА ПЛЕЈОФОТ
Тимот на ТФТ го оствари својот најголем успех во македонското кошаркарско првенство, освојувајќи го второто место на крајот од основниот дел од сезоната.
Во клучниот натпревар, поранешниот освојувач на Купот на Македонија го совлада Пелистер со 79-67 по што е јасно дека сигурно е втор, а битолчани сигурно шести. Никогаш досега ТФТ не бил повисоко пласиран од третата позиција на крајот од основниот дел од сезоната.
Победата на ТФТ е апсолутно заслужена ако се знае дека беше во водство во најголем дел од мечот, на моменти и со 20 поени разлика. Клучната предност ја направи во втората и третата четвртина кои вкупно ги доби со 46-27.
Прв играч на натпреварот беше Зек Браун со 23 поени и 7 скока, а Зафиров додаде 12 поени и 9 скока.
Во плејофот противник на екипата на ТФТ е екипата на КК Чаир. Првиот натпревар ќе се одигра во недела (13.05) во 18:00 часпт во СРЦ Кале. Форматот на натпреварите во плефојот е 2-2-1, а евентуален противник во 1/2 финалето е победникот во серијата помеѓу екипите на КК РАБОТНИЧКИ и КК ПЕЛИСТЕР.