
ТФТ ЈА ПОДДРЖА КРВОДАРИТЕЛСКАТА АКЦИЈА НА ИНСТИТУТОТ ЗА ТРАНСФУЗИОЛИГИЈА
Одамна е познато дека ТФТ има високи амбиции, се наоѓа во постојан раст на сите полиња, а заедно со успесите на теренот, доаѓаат и резултатите надвор од него.
Тоа, меѓу другото, го обврзува ТФТ да обрне внимание и на останатите сфери и во таа насока е следната акција, која се однесува на хуманоста. Со мотото „Биди вистински МВП, дарувај крв“, ТФТ даде поддршка на акцијата на Институтот за трансфузиологија под слоганот „Спортистите на браникот на хуманоста“.
„Со ‘TFT cares’ продолжуваме да покажуваме дека сме општествено одговорни и не застануваме тука, а нови акции од сличен карактер допрва следуваат“, велат од клубот од Тафталиџе.
Општествено одговорните акции на ТФТ стартуваа во ноември кога овој колектив организираше акција за чистење за Општина Карпош од каде што потекнува клубот.