Бомба во Тафталиџе! Зек Браун е нов играч на ТФТ

Последно странско засилување на екипата на ТФТ е Зек Браун кој се очекува да биде главен адут за атакување на трофеите.

Менаџментот на клубот сака да се осигура дека Браун е во добра физичка состојба бидејќи минатата сезона ја пропуштил поради повреда, а оваа иако потпишал за унгарскиот Фалко, не одиграл ниеден меч поради семејни причини.

Американецот има 29 години, колеџ-деновите ги поминал на Универзитетот Вичита Стејт, а од 2018 година е во Европа. Прва станица му бил францускиот Лориен, потоа играл во кипарскиот АЕК, па во унгарскиот Седеак, каде бил соиграч со Говенс, пред да се пресели во бундеслигашот Хамбург со кого во сезоната 21/22 учествувал и во Еврокупот. Последната година пред повредата ја поминал во спомнатиот Фалко со кој играл во ФИБА Лигата на шампионите.