Рускиот интернационалец Алекс Котов е ново засилување за тимот на ТФТ

Рускиот интернационалец Алекс Котов е ново засилување за тимот на ТФТ оваа сезона и со него во составот, клубот ќе се обиде да приреди уште едно изненадување и да освои нов трофеј.

Станува збор за 208 сантиметри висок кошаркар кој ги покрива позициите 4 и 5, а во ТФТ доаѓа од рускиот клуб Уралмаш со кого настапил во ВТБ лигата. За жал, соработката со клубот од Екатеринбург траела кратко, па Котов одиграл само еден натпревар и тоа против ЦСКА Москва. Претходно, Русинот настапувал во НЦАА, за универзитетите Илиноис и Кемпбел.