ТФТ поведе со 1-0 во плејоф серијата против КК Чаир во 1/4 финалето

Екипата на ТФТ поведе со 1-0 во плејоф серијата со Чаир откако во Кале славеше со 85-68.

Одлучи фантастичниот старт бидејќи по воведните 2-0 и 4-2 за Чаир, домаќините брзо се прегрупираа и до крајот на првата четвртина веќе водеа со 23-9. По тројките на Ташовски и Сапунџиев на стартот на вториот период, ТФТ веќе водеше со 20 поени разлика (29-9), па Чаир до крајот, не само што не успеа да ја загрози победата на противниот, туку и не се симна на едноцифрена негатива.

Зек Браун одигра еден од своите најдобри натпревари сезонава, постигнувајќи 21 поени и 9 скока, а уште четворица кошаркари на ТФТ имаа двоцифрен ефект и тоа : Зафиров 11 поени и 7 скокови, Говенс 11 поени, Василевски 10 поени и 6 асистенции и Ташовски 10 поени. Следниот натпревар се игра во савбота со почеток во 13:00 во СРЦ Кале.