Тим
ТФТ СУПЕРИОРНО ДО ПОЛУФИНАЛЕТО
Второпласираниот тим по основниот дел од првенството, ТФТ е втор полуфиналист во плејофот.
Во третиот меч од серијата со Чаир, тимот од Тафталиџе славеше како гостин со 70-64 и со максимални 3-0 продолжува во следната фаза. ТФТ го диктираше темпото цел натпревар и во ниеден момент не беше во негатива, но лесно можеше да се случи противникот да дојде до победата.
Максималната предност на ТФТ изнесуваше 18 поени разлика, но на три минути пред крајот Чаир се доближи на 64-66. Сепак, гостите го одбија ударот, Говенс и Зафиров погодија, одбраната не дозволи кош и тимот на Боро Смилковски се пласира во полуфиналето.
Зафиров со 14 поени беше најефикасен кај ТФТ, но се истакнаа и Браун со 10 поени и 12 скока, Говенс со 12 поени и 9 скокови и Николов со 12 поени 5 скокови и 6 асистенции . Во полуфиналето, ТФТ ќе се сретне со подобриот од серијата меѓу Работнички и Пелистер (2:2), кои играат “мајсторка” веќе во среда (14.05). Со оглед на моменталната состојба, за очекување е полуфиналето да започне престојниот викенд.