
#tftcares
ТФТ повторно во акција надвор од теренот – овојпат склучен договор за соработка со ДСУ за рехабилитација и образование „Св.Наум Охридски“ – Скопје
Кошарката не познава разлики – таа ги обединува.
КК ТФТ ја започна соработката со ДСУ за рехабилитација и образование „Св.Наум Охридски“ – Скопје, со една силна порака: сите заслужуваат да бидат дел од играта.
Играчите и стручниот штаб ќе бидат присутни цела учебна година – заедно ќе тренираат, ќе се дружат и ќе градат заедница.
За таа цел од страна на КК ТФТ е донирана спортска опрема и топки за сите деца.
Исто така од страна на клубот за сите деца ќе биде обезбеден превоз и билети за секој домашен натпревар.
Ова не е само кошарка. Ова е место каде секој е дел од тимот! #WeComeOne #TFT #TFTCARES