Ново засилување за ТФТ – Стенли Дејвис е нов играч на црно белите од Тафталиџе
ТФТ најактивен на трансфер пазарот – го договори второто засилување.
Боите на актуелниот вицешампион ќе ги брани американскиот интернационалец Стенли Дејвис кој минатата сезона ја помина во португалскиот прволигаш Галомар. На 13 одиграни натпревар за овој тим, просечно постигнувал по 14,2 поена, 2,8 скока и 2,3 асистенции, а во својатакариера настапувал уште во Албанија, БиХ, Велика Британија, Грузија, Либан,
Сирија и САД.

Дејвис е висок 198 сантиметри, има 27 години, а ги покрива позициите 2 и 3. Тој беше интересен за ТФТ и пред две години, но тогаш тренерот Боро Смилковскине успеа да го договори. Сега конекцијата е преку Дерин Говенс кој одлично гоп ознава Дејвис затоа што се од ист крај и долго време се познаваат.
Пред Дејвис, ТФТ го договори и Џастин Гордон кој дојде од словачкиот тим Нитра. Претстојната сезона актуелниот вицешампион на Македонија се враќа во АБА 2 лигата.