Американскиот интернационалец Џастин Гордон е првото засилување во редовите на ТФТ!

Џастин Гордон ги покрива позициите 3 и 4, пристигнува со богато искуство од 10 различни земји – меѓу кои Аргентина, Австралија, Германија, Велика Британија, Шведска и уште неколку европски лиги.

Во дресот на словачката Нитра минатата сезона бележеше просек од 14.2 поени и 5.2 скока по натпревар.

Потпишан е договор на една година, а ТФТ веќе сериозно се подготвува за враќањето во ABA 2 лигата, со поглед и кон уште едно меѓународно натпреварување.

Welcome to the team, Justin!