Пораз во финалето против МЗТ, но историски успех за ТФТ и пласман во АБА2 лигата

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром го направија третиот и решавачки чекор кон нова титула откако вечерва, во четврттиот натпревар од финалето на плеј-офот, беа подобри од ТФТ, и со конечни (3-1) ја добија серијата.

За прв пат, но се чини најважен, направија „брејк“ на гостински терен, во СРЦ „Кале“, кој им беше доволен да дојдат до 12. титула во историјата на постоењето на клубот од скопската населба „Јане Сандански“.

ТФТ – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ 53:77 (1-3)

Иако кошаркарите на ТФТ пружија силен отпор против фаворитот МЗТ Скопје, сепак на крајот пресуди искуството на кошаркарите на МЗТ Скопје.

Во редовите на ТФТ, Гринли ја заврши оваа сезона со 11. поени (и 4.асистенции), а Зафиров дополни со дабл-дабл од 11.поени (и 10. скока). Десет поени и седум скока имаше Хотон.

Иако екипата на ТФТ Скопје загуби во финалето, сепак ова е најдобра година од своето постоење. Историското финале и второ место на табелата значи и враќање на ТФТ на Јадранот, односно враќање во АБА2 лигата.

За очекување е следната сезона екипата на ТФТ да направи уште по респектабилен тим и да се бори за плејофот во АБА2 лигата и најмалку да го повтори успехот од оваа година во македонското првенство.