ТФТ втора година по ред го организира Меморијалниот турнир „Андреј Грковски – Тафта“
Меморијален турнир „Андреј Грковски – Тафта“ ️
20-21 септември 2025
СРЦ Кале, Скопје
Организатор: КК ТФТ
КК ТФТ Скопје со голема чест и посветеност и оваа година го организира меморијалниот турнир „Андреј Грковски – Тафта“, во чест на нашиот прерано заминат пријател, симпатизер и искрен љубител на кошарката – Андреј Грковски, познат како Тафта.
Овој турнир е многу повеќе од спортски настан. Тоа е момент на сеќавање, благодарност и хуманост. Во негово име и спомен, турнирот ќе има хуманитарен карактер, а сите средства собрани од настанот ќе бидат донирани на семејството на Андреј.
Распоред на натпревари
️ Сабота, 20 септември
-
17:00 ч. — МЗТ Скопје vs Тиквеш
-
19:30 ч. — ТФТ vs Кожув
️ Недела, 21 септември
-
17:00 ч. — Натпревар за 3-то место
-
19:30 ч. — Финале
Повик до јавноста
Ги повикуваме сите љубители на кошарката, пријатели на Андреј и сите кои веруваат во моќта на заедништвото и хуманоста, да ни се придружат на овој настан.
Да бидеме дел од нешто поголемо од спортот – заедно да се потсетиме, да оддадеме почит и да помогнеме.
Те паметиме, Тафта.


