
Прва победа на ТФТ во АБА 2 лигата
Екипата на ТФТ ја оствари првата победа сезонава во АБА 2 лигата откако го совлада хрватскиот претставник Цедевита Јуниор со 78-68.
Победата на ТФТ дојде благодарение на одличната последна четвртина која ја доби со 20-11. Во најголемиот дел од мечот екипите беа рамноправни, еднаш Цедевита отиде на +6, а ТФТ ја презеде контролата над резултатот кон средината на третата четвртина. Со две тројки отиде на +7 (53-46), Цедевита се одржуваше блиску, но ТФТ го издржа притисокот и со серија од 6-0 во последните две минути ја запечати победата.
Ова беше прв натпревар оваа сезона во АБА 2 лигата на кој ТФТ настапи комплетен и тоа веднаш даде резултат. Џелани Симонс со 19 поени беше најефикасен, Ташовски додаде 13, а Верц 11. Во следното коло, нашиот тим го очекува дуелот со македонскиот ривал Пелистер, а мечот се игра в петок до 18 часот.