Тома Стојаноски потпиша нов двегодишен договор со ТФТ !
ТФТ Скопје го задржа еден од најталентираните играчи во својот тим, бидејќи нов договор потпиша Тома Стојаноски.
21-годишникот кој игра на крилните позиции парафира соработка на две години, поточно 1+1 година со македонскиот вицепрвак, кадешто по завршувањето на следната сезона има простор за договор помеѓу двете страни и за сезоната 2026/27. Стојаноски реши да продолжи да се развива во ТФТ, а клубот му ја даде таа шанса. Инаку, тој потекнува од Гостивар чиј член беше до минатото лето пред да се пресели во скопскиот тим.

Во веќе завршената сезона Стојаноски одигра 30 меча за ТФТ во мак-кошарката. Тој бележеше просек од 6,6 поени и 4 скока по натпревар. Најдобрите партии младиот кошаркар ги одигра против Шкупи (22 поени), Пелистер (16 поени) како и во полуфиналето против екипата на Работнички (17 поени) каде се покажа како значајна фигура во црно белиот тим.
