
ТФТ со нова победа, го “преплива” Вардар
ТФТ се врати на победите, по несреќниот пораз од КК Чаир во минатото коло. Иако дојде до победа потешко од очекувањата и „Вардарци“ имаа напад за победа, кој не го реализираа, сепак на крај двата бода одат на контото на лидерот на табелата кој победи со (80:79).
ВАРДАР – ТФТ 79:80 (кликни за детална статистика)
Случувањата на теренот во малата сала на СРЦ „Кале, “ онаа на КК Вардар, најавија дека овој меч може да биде и изедначен, но и драматичен.Тоа и се покажа во текот на скоро сите 40.минути двете екипи не успеаја да „се одвојат“, што се вели, резултатски.
А во еден таков развој на настаните, шансата за успех не ја искористи далеку помалку искусната екипа на Вардар. Кога веќе дојдоа во шанса да размислуваат за победа, буквално во последните секунди, не ја искористија.
Поточно, шутот на Митревски не заврши на посакуваното место, па победата остана за фаворитот, но само „на хартија“ на овој меч, кој беше далеку од изданијата кои го носат ТФТ на челната позиција на табелата (на делба со Чаир 2030).
Во екипата на ТФТ најефикасни беа Хотон со 18 поени, кој ги реализираше и поените за победа, Зафиров постигна 14, Говенс 12, а по десет имаа Гафни и Гринли.
Следен противник на екипата на ТФТ е екипата на МЗТ Скопје Аеродром, кој ќе биде на 07.12 (сабота) во 17:00 часот.
Погледни ги инсертите од натпреварот ⇓