ТФТ го освои Меморијалниот турнир „Андреј Грковски – ТАФТА“!
ТФТ го освои Меморијалниот турнир „Андреј Грковски“!
Со голема гордост објавуваме дека кошаркарскиот клуб ТФТ е победник на Меморијалниот турнир „Андреј Грковски“!
Во финалето против силниот ривал МЗТ – меч што претставуваше „реприза“ на ланското финале во Првата македонска лига – ТФТ славеше со минимална, но вредна победа од 74:73.
Иако настапивме без минатогодишниот МВП на лигата, Дерен Говенс, нашите момци покажаа карактер, срце и борбеност до последниот свиреж. Со неверојатен пресврт во последните минути од натпреварот, успеавме да извојуваме победа што значи многу – не само за клубот, туку и за целата заедница.
ЈАВЕН АПЕЛ ДО КОМПАНИИТЕ:
Во оваа прилика упатуваме искрен повик до сите македонски компании – особено локалните од Карпош и Тафталиџе – да застанат зад нашиот клуб и да бидат дел од оваа позитивна спортска приказна. Со заедничка поддршка, можеме да постигнеме уште поголеми успеси, да градиме силна спортска култура и да инспирираме нови генерации.
За посилно Тафталиџе. За посилен Карпош. За ТФТ!