
Страхил Николов со поени во последната секунда за втора победа на ТФТ
Екипата на ТФТ е со максимален ефект по две кола од Македонската Мтел кошаркарска лига откако синоќа по голема борба славеше на гостувањето во Гостивар со резултат од 60:61.
Во текот на мечот, тимот од Тафталиџе имаше и 14 поени негатива, но успеа да ја достигне и победникот се решаваше во последните секунди.
Херој на ТФТ е еден од играчите со најдолг стаж во екипата Страхил Николов кој со истекот на времето ја круниса одличната акција на неговиот тим. Tокму Николов е јунакот на „црно-белите“ затоа што освен улогата на меч-винер, дојде и до 18. поени и шест скока, следен од Мекиќ кој досдаде 15 (и шест скока и три додавања) и Говенс кој ги испрати со 13.поени (пет скока и четири асистенции).
Погледни ги поените на Николов за победа во Гостивар: