Прв пораз сезонава, но и понатаму остануваме на првото место на табелата

ТФТ – ЧАИР 2030  92:94 (кликни за детална статистика)

КК Чаир 2030 е првата екипа која го нанесе првиот пораз на досега непобедливиот состав на ТФТ. 

Одличниот шут, пред се за три поени во кој предначеше Говенс, беше основната причина за водството и тоа двоцифрено кое домашните кошаркари го креираа ушпте во оној почетен дел од дербито на ова седмо коло од Првата „Мтел“ лига.

Делуваа доста сигурно во фазата на нападот кошаркарите на ТФТ, имаа и плус 10 (21:11), во првите десет минути од играта. Предност која љубоморно ја чуваа момците во „црно-бела“ комбинација. Од друга страна, добро беа затворени главните поентери на екипата од Чаир, пред се Кели, но и  Мофит, кој во првото полувреме беше сопрен на само четири поени. А ТФТ имаше убедлива предност (44:31), но и десет погодени тројки (од 21 обид).

Многу подобар почеток на второто полувреме имаа гостите, крунисан со симнување на добар дел од високата негатива. По поените на Кирк (негов 21 во тој дел од играта), еден од ретко ефикасните играчи на Чаир 2030 (заедно со Ролинс), гостите дојдоа и на минус од само шест поени (49:55), кога се играше 28.минута од дуелот во СРЦ „Кале“.

На истекот на третиот период, таа беше уште пониска, резултатот беше (57:52) за ТФТ.

На почетокот на последниот, домашниот тим веднаш, практично во два напади, „побегна“ на плус 10 (62:52). Но чаирчани го „дочекаа“ Мофит, кој почна да погодува, а неговата екипа да ја „топи“ и таа негатива, за пониски (64:68) во 35.минута.

Но тука не беш крајот на нивната серија, затоа што Какруки со „два плус еден“ игра ги донесе на поен негатива (67:68). Ја прекина Гринли, со нов точен обид вреден три поени (71:67). Практично го најави серијалот на тројки, кои се редеа на двете страни од теренот а во кој „учество“ , освен Гринли, земаа и Говенс на едната, а Ролинс на другата тсрана. По неговиот втор, по ред, точен обид, гостите поведоа (79:78), кога останаа да се играат само уште 42.секунди.

ТФТ, по „тајм-аутот“, на тренерот Смилковски, „одговори“ преку Стојаноски (80:79). Беа потрошени десет, останаа 32 секунди. Младиот репрезентативец беше „мирен“ и во следнито напад, во кој реализираше и две слбодни фрлања за повисоки (82:79). Но и тоа се покажа како недоволно за апобеда, затоа што Чаир 2030 не го искористи првиот, туку вториот обид за три…

Го реализираше, кој друг, ако не Ролинс, за (82:82) и екстра пет минути игра во дербито.

Во дополнителниот дел од дуелот, пдобра игра на гостите, кои се одвоија на (89:83), Говенс намали на (86:89), а Гафни на (87:90). Половичен од линијата з аслободни фрлања беше Кирк, за (91:87). Намали Гафни и на (89:91), пред да дојде новата тројка на Ролинс која го реши победникот (94:89).  

Својата одлична шутерска вечер Говенс ја заокруши со 31 реализација, Гринли заврши со 13, а Николов и Стојаноски имаа по десет поени за ТФТ.