
НОВА ПОБЕДА ЗА ТФТ, ПАДНА И ТИКВЕШ, ОБЕЗБЕДЕНА Е ПРВАТА СТАРТНА ПОЗИЦИЈА ПРЕД КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА
Екипата на ТФТ и по 10.коло, останува лидер на табелата во Првата „Мтел“лига откако го совлада Тиквеш (90:86), со тоа што ја обезбеди и стартната прва позиција пред Купот на Македонија.
Ова е деветта победа за тимот од Тафталиџе оваа сезона што е убедливо најдобар старт за тимот откако се натпреварува во елитната дивизија.
ТФТ – ТИКВЕШ ГОЛДЕН ИГЛ 90:86 (кликни за детална статистика)
Во најголемиот дел од мечот ТФТ го диктираше темпото и заслужено стигна до триумфот и покрај тоа што Тиквеш во финишот се закани дека може да направи пресврт.
Клучна беше серијата од (11-0) кон средината на втората четвртина по која поведе со (34:25) за на почетокот од третиот период ТФТ да ја достигне највисоката предност (53:41).
Тиквеш нешто подоцна се доближи на само три поени негатива, во последниот квартал ТФТ повторно отиде на +12 (83-71), а драмата сепак се задржа до крајот бидејќи на 30 секунди пред крајот гостинскиот тим дојде на 85-87.
Гафни со 18. поени беше прв стрелец на ТФТ, а Зафиров оствари дабл дабл со 16 поени и 10 скока.
Иако останува да се одигра уште едно коло до крајот на првата полусезона, со поразот на КК Чаир од екипата на МКК Куманово, екипата на ТФТ ќе стартува од првата позиција за КУПОТ на Македонија.Противникот во четвртфиналето ќе се знае по комплетирањето на последното коло, кое е на програмата веќе следниот викенд. Наш следен противник е екипата на КК Пелистер од Битола, со кој играме на гостински терен.