
Дарин Говенс нов играч и ко-сопственик во ТФТ
ТФТ од денеска официјално почнува нова ера во своето постоење. Конечно е потпишан договорот со американскиот интернационалец Дaрин Говенс кој има и Унгарски пасош и настапува за Унгарската репрезентација. Говенс ќе биде едно од најзвучните имиња што летово дојдоа во македонската кошарка, имајќи предвид дека станува збор за поранешен играч на Лимож, Шоле, Нижњи Новгород итн. Тој ќе остане во ТФТ во следните три сезони и треба да биде големо засилување за новиот амбициозен проект.
Заедно со Говенс, во ТФТ влегува инвестициска група предводена од него која стана сопственик на 25% од акциите на клубот. Заедно со откупот на акциите, Говенс и групата инвеститори се обврзани во договорен период да донесат директни инвестиции во ТФТ, согласно утврдените цели и амбиции на клубот, а кои се насочени кон подигнување на степенот на организација, плус борба за трофеите во домашното првенство и етаблирање во европски рамки.
Говенс ќе биде член на Управниот одбор на ТФТ чиј претседател е неговиот соиграч и капитен на екипата Едис Нури.