
Уписите за нашите најмлади се во тек! Запиши се и стани дел од црно-белото семејство!
Започнуваат уписите за нашата школа за мини баскет, М12, М16 и М18! Тренинзите се оддржуваат во ОУ “Јан Амос Коменски”.
Ако сакаш да го усовршиш својот талент, да научиш од најдобрите и да станеш дел од нашaта победничка екипа, сега е вистинскиот момент!
ТРЕНИРАЈ СО НАЈДОБРИТЕ ТРЕНЕРИ И СТАНИ ДЕЛ ОД ЦРНО-БЕЛОТО СЕМЕЈСТВО. Како еден од најдобрите спортски колективи во нашата држава, напорно работиме да го подигнеме и нивото на нашата школа која треба да претставува наша иднина, па затоа нашите тренери се луѓе кои долги години работат со младите категории и имаат огромно искуство и успеси, а тоа се Марко Трајковски, Никола Георгиевски и Марко Рендевски.
Пријави се и започни ја својата кошаркарска приказна со ТФТ!
За повеќе информации, контактирајте нè на телефонските броеви 078230034 или 071357375.