Николов и Стојанов остануваат во ТФТ и во наредните три години
Потенцијалниот македонски репрезентативец Страхил Николов не планира да ја смени средината и покрај интересот од други прволигаши во земјава.
Крилниот играч денеска го продолжи договорот со ТФТ на уште три сезони, на задоволство на раководството и менаџментот на клубот. Од Тафталиџе постојано потенцираат дека 24-годишникот е еден од омилените кошаркари на соиграчите и дека врз него планира да ја гради иднината на тимот. Својата професионална кариера Николов ја почна во ТФТ и очигледно ќе остане тука уште долго време.
Минатата сезона тој одигра 31 натпревар во домашното првенство и 13 во АБА 2 лигата, со ефект од 8 поени и 5 скока.
Покрај Николов, ТФТ постигна тригодишен договор и со македонскиот репрезентативец до 20 години – Михаил Стојанов кој веќе три години е во редовите на нашата екипа.
Со овие два потега менаџментот на ТФТ покажува дека мисли на својата иднина. Во наредните денови не се исклучува можноста за уште некое засилување пред почетокот на новата сезона со што би се комплетирал ростерот за натпреварувачка сезона 2024/2025.