Иван Сапунџиев се врати во ТФТ

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Иван Сапунџиев повторно ќе го облече дресот на ТФТ откако претходните две сезони ги помина во тимот на Пелистер.

Искусниот крилен играч се враќа во Тафталиџе за дополнително да ја засили конкуренција во некогашниот освојувач на Купот на Македонија кој одлично го одработи преодниот рок и успеа значително да го засили својот ростер. Сапунџиев беше дел од тимот на ТФТ од 2020 до 2022 година, токму кога тимот триумфираше во Купот и одлично ја познава средината, а особено менаџментот на клубот. Во двете сезони во Пелистер играше во финалето од плејофот, минатата и во финалето од Купот на Македонија, но не успеа да освои трофеј.

 

ТФТ досега се засили со Би Џеј Гринли, Џејлен Гафни, Мехи Лонг и младинскиот репрезентативец Тома Стојановски, а со екипата тренира и искусниот Дерин Говенс кој не е исклучено да ја почне сезоната во македонското првенство.